Кошаркарите на Австралија славеа победа против Литванија во дербито на денот, на Светското првенство што се одржува во Шпанија.
На средбата одиграна во Гранд Канарија, а во рамките од Д групата, Австралијците победија со 82:75. Со овој триумф Австралија се израмни со Литванија по учинокот со што и двете селекции сега имаат по две победи и еден пораз.
Во првиот натпревар од оваа група Мексико направи изненадување и убедливо ја победи Ангола со 55:79. Во последниот меч од оваа конкуренција вечерва играат Словенија и Јужна Кореја.
Во групата Ц, досега се одиграа два натпревари. Украина беше подобра од Турција со 64:58, а светските прваци Американците рутинирано го совладаа Нов Зеланд со 98:71. Денешната програма ќе биде заокружена со дуелот Финска – Доминиканска Република.
Во групите А и Б, денеска е слободен ден.