Компанијата „Ленд Ровер“ размислува за производство на помала весрија на моделот „Евок“, односно т.н. „Бејби Eвок“, тврди магазинот „Аутокар“.
Според магазинот, се уште не е познато дали ваков модел воопшто ќе се појави на пазарот, но имајќи предвид дека кросоверите и СУВ весриите денес доаѓаат во различни големини, нов помал „Евок“ воопшто не би бил изненадување.
Mагазинот објави и скица која открива како тој автомобил всушност би можел да изгледа.
Замислен е како кросовер купе со три врати и со должината би одговарал на неодамна претставениот „Ауди Кју2“, иако кросоверот од Инголштад е достапен само како модел со пет врати.
Времето ќе покаже дали малиот „Евок“ ќе се појави на пазарот, односно дали „Ленд Ровер“ е подготвен да оди со ваков модел, особено ако се има предвид дека се шпекулира и за промоција на подолем модел – „Евок Икс-Ел“ или „Гранд Евок“.