„Ауди“ за 17 години произведе три милиони модели „А3“

Од:

Од производните ленти на компанијата „Ауди“ за 17 години се симнаа три милиони примероци од моделот „А3“.


„Ауди“ сака да истакне дека неговиот модел „А3“ е зачетник на сегментот компактни премиум автомобили. И навистина,  кога во 1996 година беше  лансиран, хечбегот на „Ауди“ тој немаше достоен конкурент на пазарот на премиум производители. „БМВ“ и „Мерцедес“ реагираа значително подоцна со своите адути во оваа класа.


По успехот што го постигнаа првите две генерации, третата беше претставена на авто-салон во Женева во 2012 година. По верзијата со три врати, во септември лани стигна и Спортбек моделот, а најновата генерација „Ауди А3“ е првата која доби и седан верзија.


Кабриолетот е најавен за Саемот на автомобили „Франкфурт 2013“.


Јубилејниот примерок е бел „Ауди А3 Спортбек 2.0 ТДИ кватро“, а е произведен во фабриката во Инголштат во Германија.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on