Audi Quattro концепт со 800кс се подготвува за Франкфурт

Од:

„Ауди“ за саемот на автомобили во Франкфурт подготвува нов „Кватро Концепт“ со хибриден погонски систем што ќе биде во состојба да произведе 800 „коњи“.

За разлика од претходниот „Кватро Концепт“ што беше претставен во 2010 година и кој беше темелен на „Ауди РС5“, новата верзија е базирана на скратената платформа на моделот „РС7“.

За погон е употребен 4.0-литарски твин-турбо В8 мотор со над 600 кс, удвоен со електромотор од 170 кс (125 кЊ).

2010_audi_quattro_concept_07-4ca3c2203dcd6

Како што наведуваат од „Ауди“, тоа на овој автомобил со погон на сите четири тркала ќе му овозможи да располага со комбинирана сила од речиси 800 кс и 1.000 Нм максимален обртен момент.

Од состојба на мирување до брзина од 100 километри на час „Кватро Концепт“ стигнува за 3,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 300 километри на час.

Во согласност со перформансите автомобилот ќе има и специјално адаптивно спортско ослонување, диференцијал со ограничено пролизгување и керамички сопирачки.

Иако „Ауди“ соопшти дека е во прашање концептен автомобил, се шпекулира дека во 2016 година би можел да се најде во продажба сериски модел во ограничена серија, со почетна цена од околу 200.000 евра.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on