Audi Nanuk Quattro со 544 коњски сили претставен во Франкфурт

Од:

Audi Nanuk Quattro concept развиен во соработка со Italdesign Giugiaro, комбинира во едно купе квалитет и параметри својствени за исклучително различни автомобилски сегменти: офроуд машина, луксузно суперспортско купе, до тркачки модел.

Двоседот Audi Nanuk Quattro concept е опремен со нов 5,0 литарски, V10 TDI дизел мотор кој генерира моќност од 544 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.000 Nm.

audi-nanuk-quattro-concept-450-600-001

Трансмисијата е преку седумстепен S tronic, а погонот, како што сугерира и самото име на концептот, е на четири тркала, а суспензијата е воздушна. Иако тежи цели 1.900 килограми, Audi Nanuk Quattro concept е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 3,8 секунди и да развие максимална брзина од 305 km/h. Просечната потрошувачка на гориво е 7,8 литри на 100 километри.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on