Ауди Ку-3 РС

Од:

Германскиот производител на автомобили „Ауди“ објави „снежни“ фотографии од првиот модел „Ку“ со ознака РС, кој ќе се најде во продажба од оваа есен по цена од 54.600 евра.

Ку-3 РС е спортски кросовер со 2,5 литарски петцилиндарски мотор и турбополнач, кој испорачува 310 коњски сили. Автомобилот има кватро погон на сите четири тркала. Моторот својата моќ ја пренесува преку седумстепен С троник менувач.

Ауди Ку-3 РС забрзува од 0 до 100 километри на час за 5,5 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Автомобилот има агресивен изглед со нови браници, предна маска и прагови. РС поседува и карактеристичен спојлер на задниот дел и издув со елиптична форма.

Ауди РС е понизок од стандардниот модел за 25 милиметри и може да се избира меѓу 19 и 20 инчни тркала.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on