Волфганг Дурхајмер, директор на Audi вели дека моделот R4 е повторно на дневен ред.
Развојот на Audi R4 беше сопрен заради светската финансиска криза, но сега кога работите полека легнуваат проектот повторно станува интересен бидејќи покрај R8, Audi на клиентите ќе може да им понуди послаб, но поевтин автомобил.
Во моделската понуда на Audi има место за два спортски автомобили. И за хипер брзиот R8 и за поприземниот R4 којшто ќе биде направен по примерот на Porsche Boxter и неговата затворена изведба, купето Cayman.
„Сакаме да направиме автомобил којшто ќе има средна зафатнина на моторот и одлична возна динамика. Во исто време тој треба да биде достапен за поширока публика,” објаснува Дурхајмер.
Се шпекулира дека R4 ќе носи тирбо од 2.0 литри навиено на околу 280 КС. Оние што ќе сметаат дека овој мотор им е малку на располагање стои 2,5 литарецот со 5 силиндри со моќност од околу 400 КС