„Ауди“ го произведе милионитиот „ Q5“ во Германија

Од:

Јубилејниот примерок на германската компанија „Ауди“ што излезе од фабриката во Инголштад е син „SQ5“, а освен во матичната земја, овој СУВ се изработува и во Кина и Индија.

„Ауди“ деновиве одбележа значаен јубилеј – производство на милион возила од семејството „Q5“ во Германија.

Моделот „Q5“ беше претставен уште во 2008 година, како втор автомобил во гамата на „Q“ модели (по „Ауди Q7“). Досега во сите три фабрики (вклучувајќи ги и азиските) произведени се 1,6 милиона примероци на „Ауди Q5“.

Моделот се продава во повеќе од 100 земји низ светот, и покрај тоа што е долго присутен на пазарите, „Q5“ и натаму бележи добри продажни резултати. Така, во 2015 година „Ауди“ на купувачите им испорача 266.968 парчиња, што е за осум отсто повеќе во однос на 2014 година, кога беа продадени 247.446 автомобили.

Новата генерација е во подготовка, па треба да се очекува „Ауди“ наскоро да го претстави наследникот, а можеби уште во октомври на авто-салонот во Париз. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ