Ауди го претстави новиот A5 и S5 Кабриолет

Од:

Откако ги претстави Купе и Спортбек, Ауди гордо го покажа и својот A5 и S5 Кабриолет.

Новиот кабриолет од Инголстад има најцврста и истовремено најлесна каросерија во класата. Во однос на претходниот модел, бележи зголемување на торзионата крутост за 40 отсто, додека со користењето на полесни материјали во изработката заштедени се 40 кг. Ауди А5 со преден погон и 2,0 литарски и ТДИ мотор тежи 1.690 килограми.

Како што е случај со Купето и Спортбекот, острите линии на каросеријата се карактеризираат и врзуваат со мекиот кров. Тој кров може да се отвара при брзина до 50 км на час, а потребни му се само 15 секунди, додека обратниот процес трае три секунди подолго.
Автомобилот е по удобен од претходникот благодарение на 14 мм подолгото меѓуосовинско растојание, што резултираше со 18 мм поголем простор за нозете на патниците на задното седиште. А5, т.е. S5 сега е многу по удобен и на подолги патувања.

Кабриолетите главно не можат да се пофалат со практичност, но кабриолетот А6 поседува дополнителни 60 литри во багажниот простор, т.е. 380 литри кога кровот е подигнат.

Како што можеше и да се очекува, моторите се преземени од Купе и Спорбек, така купците можат да бираат меѓу 4-цилиндрични и 6-цилиндрични агрегати.

Моментално најсилен е 3,0-литарскиот V6 мотор кој развива 354 KS i 500 Nm oбртен момент во Quattro верзијата со автоматски менувач во моделот S5. Aвтомобилот од 0 до 100 км на час забрзува за 5,1 секунда и достигнува максимална брзина од 250 км на час.

A5 и S5 Кабриолет во продажба ќе се најдат во март идната година. Во Германија А5 ќе чини 49.350 евра, а посилниот S5 67.800 евра.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ