Павел Атман, средниот бек на Чеховски Медведи кој до крајот на сезоната настапуваше во екипата на Динамо Минск, е првото официјално засилување на Металург.
26-годишниот руски ракометар кој игра на позиција среден бек, потпиша двегодишен договор со македонскиот вицепрвак.
– Иако имав понуди од неколку европски екипи, а некои беа и финансиски подобри, се решив за екипата на Металург, чиј развој го следам неколку години. Многу сум среќен што потпишавме договор и што ќе настапувам за екипа која постигна одлични резултати во Лигата на шампионите, изјави новото засилување на Металург за клупската веб страна.