Атлетски викенд „Охрид трчаТ“ на крајот на месецов

Од:

Спортската манифестација број еден во Охрид, Атлетскиот викенд Охрид трчаТ ќе го „скрши“ мразот што се однесува до уличните трки во Македонија и регионов, откако од Комисијата за заразни болести доби зелено светло за одржување на настанот од 28 до 30 август.

Голема благодарност до Комисијата за заразни болести за начинот на комуникација и посветеноста заедно да го направиме тоа што е најголем приоритет за сите нас во овој момент, заштита, безбедност и сигурност на сите учесници на настанот.

– Одговорноста е голема. Охрид трчаТ ќе биде прва улична трка за оваа година во нашата земја и пошироко и навистина ни претставува голем мотив и предизвик, во вакви услови да го покажеме нашиот професионализам и визија за подоброто утре наше, на Охрид и на Македонија. – изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.

Бројот на учесници е ограничен на 500, по 250 на полумаратонот (21 километар) и 250 за рекреативната трка на 5 километри. Пријавувањето е отворено до 23 август, 23 и 59 минути доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество. Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе си имаат ексклузивно право да си имаат
име и презиме на стартниот број. Пријавувањето е на официјалната страна www.ohridtrcat.mk,  каде што има поделани
информации за се што е поврзано со четвртото издание на Охрид трчаТ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е