Напаѓачот на Јувентус, Карлос Тевез се очекува да биде еден од најбараните фудбалери летниот трансфер период. Покрај Пари Сен Жермен и Бока Јуниорс во трката по аргентинскиот репрезентативец сериозно се вклучува и Атлетико Мадрид.
Тренерот на шпанскиот клуб Диего Симеоне сака да го доведе својот сонародник во својот тим пред почетокот на првенството на Јужна Америка – „Копа Америка“ што започнува на 11 јуни.
Симеоне лично го повика Тевез во Атлетико и побара од него да ја одбие богатата понуда на ПСЖ.
Тевез оваа сезона ја предводеше „старата дама“ до двојната круна во Италија со освојување на Серија А и Купот. Тој го освои третото место на листата на стрелци во лигата со 20 гола.
Поранешниот напаѓач на Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити изјави во неколку наврати дека тој ќе се врати во Бока, но останува да се види дали ќе ја одбие поканата од ПСЖ и од Симеоне.