Атланта е заинтересирана за кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, објави инсајдерот Марк Штејн на Твитер. Клубот ќе се обиде да го ангажира 25-годишниот Австралиец кој не играше оваа сезона.
За потсетување, Симонс сака да ја смени клупската средина и е во конфликт со управата на Филаделфија.
Во тековната сезона во НБА-лигата, Симонс нема одиграно ниту еден натпревар, па клубот продолжува да го казнува. Тој веќе изгуби над 10 милиони долари на казни.
Симонс минатата сезона забележа 58 настапи, со просек од 14,3 поени по натпревар.