Атланта со голем пресврт до победата над шампионот Кливленд

Од:

Екипата на Атланта направи голем резултатски пресврт на дуелот со Кливленд и од негатива изразена со 26 поени пред почетокот на последната четвртина, се избори за продолжение, а подоцна и победа над актуелниот шампион. Последната четвртина Атланта ја доби со 44:18.

Во победничкиот тим најефикасни беа Пол Милсап со 22 поена и Тим Хардевеј Јуниор со 21, додека кај Кливленд Кајри Ирвинг реализираше 45 поени, а Леброн Џејмс имаше „трипл-дабл“ 32 поена, 16 скокови и 10 асистенции.

Уште еден „трипл-дабл“, вкупно 42. Во една сезона оствари Расел Вестбрук кој во победата над Оклахома учествуваше со 50 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Со овој учинок Вестбрук го надмина досегашниот рекорд на Оскар Робертсон кој изнесуваше 41 „трипл-дабл“ во една сезона поставен пред 56 години.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни синоќа:
Њујорк – Торонто 97:110,
Атланта – Кливленд 126:125 (по продолжение),
Денвер – Оклахома 105:106,
Мемфис – Детроит 90:103,
Феникс – Далас 124:111,
Сакраменто – Хјустон 128:135,
ЛА Лејкерс – Минесота 110:109.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 66-14 (победи-порази), Сан Антонио 61-19, Хјустон 54-26, Јута 49-31, ЛА Клиперс 49-31, Оклахома Сити 46-34, Мемфис 43-38, Портланд 40-40,…

Пласман Источна конференција: Кливленд 51-29 (победи-порази), Бостон 51-29, Торонто 50-31, Вашингтон 48-32, Атланта 42-38, Милвоки 41-39, Индијана 40-40, Чикаго 39-41, Мајами 39-41,…

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот