Британската компанија за производство на луксузни возила Астон Мартин го претстави најновиот суперавтомобил „Вулкан“ изработен од карбон со сила од над 800 коњски сили и екстремни перформанси.
Новиот суперавтомобил од Астон Мартин ќе биде ограничен на само 24 примероци, а на сопствениците ќе им овозможи да го персонализираат своето возило со прилагодување на моќта и диманиката на возење.
Извршниот директор на компанијата Енди Палмер истакна дека Астон Мартин Вулкан по својата природа е редок и возбудлив автомобил, дизајниран и проектиран да овозможи врвно искуство во возењето црпејќи сила од богатото наследство на компанијата, истовремено прилагодувајќи ги моќта и перформансите во согласност со возачот и карактерот на патеката.
Вулкан е придвижуван од 7,0 литарски В12 бензински мотор со над 800 коњски сили, што се испорачува на задната оска.
Спортската суспензија со „анти-дајв“ геометрија е поврзана со Мултиматик „Динамик Суспеншн Спул Валв“ прилагодување и анти рол решетки на предниот и задниот дел на возилото.
Пред испорака на возилото, купувачот ќе има можност да учествува во детална обука за возење по патека со победникот на Ле Ман Дарен Турнер.
Астон Мартин Вулкан ќе има светска премиера на 85. Саем на автомобили во Женева, што почнува на 3 март.