Астон Мартин го претстави концептот ЦЦ 100

Од:

Британскиот производител на автомобили Астон Мартин го претстави концептот ЦЦ 100 за време на прославата на 100 години од своето постоење.

Концептот оддава почит на тркачкиот автомобил ДБР 1 од 1959 година, кој е победник на трката Ле Манш.

Станува збор за класичен спидстер двосед со модерен дизајн на Астон Мартин. Автомобилот има каросерија од карбонски влакна, а го придвижува 6,0 литарски В12 мотор поврзан со шестстепен автоматски мануелен менувач. Од нула до 100 километри на час забрзува за нешто повеќе од четири секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 290 километри.

Автомобилот е долг 4,5 метри и широк околу два метри, додека неговата тежина изнесува поамлку од 1.200 килограми. Концептот е развиен и создаден за помалку од шест месеци во седиштето на компанијата во Гауден, во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on