Астон Мартин официјално објави дека планира да привлече повеќе женски купувачи, а првиот модел со таа задача ќе биде претстојниот ДБХ кросовер, што истовремено е првиот кросовер на оваа компанија.
Кросоверот ДБХ на пазарот се очекува да стигне 2019 година, а првпат беше претставен во форма на концепт на Саемот за автомобили во Женева.
Извршниот директор на компанијата Енди Палмер изјави дека новиот кросовер со пет врати е наменет за успешни жени кои бараат премиум флексибилен автомобил со место за деца.
Астон Мартин ДБХ се очекува да се произведува во САД. Компанијата планира да инвестира околу 270 милиони евра за производство на ДБХ, а кој ќе претставува еден од серијата целосно нови модели на британската компанија.