„Астон Мартин ДБ9“ заминува во историја

Од:

Последните примероци од овој модел се симнаа од фабричките ленти по 13 години производство.

„Астон Мартин ДБ9“ светската премиера ја имаше во 2003 година, на авто-соланот во Франкфурт. Автомобилот го дизајнираше познатиот Хенрик Фискер, кој тогаш работеше за британскиот производител.

Фискер во 2007 година го промовира сопствениот автомобилски бренд, „Фискер Аутомотив“, чиј прв модел беше спортскиот хибрид „Карма“, но компанијата подоцна банкротира.
„Астон Мартин“ преку социјалните мрежи се прости од моделот „ДБ9“, а последните девет примероци се означени со посебен амблем.

И додека „ДБ9“ оди во историјата, наследникот е веќе тука. Новиот модел „ДБ11“ беше претставен во март годинава на авто-салонот во Женева. Автомобилот се напојува со 5.2 твин – турбо В12 мотор со 608 кс и 700 Нм.

Поврзан со седумстепен ЗФ автоматски менувач, „Астон Мартин ДБ11“ до „стотка“ забрзува за околу четири секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 322 километри на час.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ