Ари Граса реизбран за претседател на ФИВБ

Од:

Претседателот на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) Ари Граса да Силва Фиљо доби нов мандат и на таа функција ќе остане до 2024 година.

Граса доби едногласна поддршка од сите пет континентални конфедерации на 35. Конгрес на ФИВБ во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.

Бразилецот беше на чело на ФИВБ четири години откако е поставен 2012 година на Конгрес во Анахајм во Калифорнија, САД.

Во 2014 година делегатите на Конгресот донесоа одлука мандатот на претседателот од четири да се продолжи на осум години почнувајќи од 2016 година.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ