Аргентинските фудбалери против Боливија ќе користат и вијагра

Од:

Аргентина гостува во Ла Паз каде што ќе игра квалификациски натпревар за Светското Првенство во 2018 година против Боливија.

Ла Паз се наоѓа на 3.600 метри надморска височина и предизвикува сериозен проблем за фудбалерите кои не се навикнати на играње таму, бидејќи воздухот е поразреден.

Како што соопштуваат аргентинските медиуми, како помош за надминување на овој проблем, фудбалерите на аргентинската репрезентација ќе користат вијагра.

Во борбата со разредениот воздух, фудбалерите користат различни средства, но по се изгледа најкорисен е силденафил, што е другото име за вијагра.

Според медиумите голем број на фудбалери кои гостуваат во Боливија користат вијагра за соочување со проблемот, но ретко кои признаваат.

Аргентинците во 2009. година беа поразени со 6-1 во Ла Паз, а тогашниот селектор Диего Марадона како оправдување за поразот кажа дека неговите играчи добиле висинска болест.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он