Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

Од:

Аргентина ја освои Копа Америка. Во финалето по продолженијата ја победија Колумбија со 1:0, а единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинез во 112. минута. Финалето ќе остане обележано со огромниот хаос пред почетокот, кој го одложи мечот речиси час и половина. Имено, голем број навивачи успеаја да влезат на стадионот Хард Рок во Мајами иако немаа билети.

Што се однесува до самиот меч, Колумбија имаше игра повеќе во првото полувреме и создаде подобри шанси, додека во вториот дел се разбуди и Аргентина, но ниту една од репрезентациите не успеа да постигне гол и да го реши мечот во 90 минута. Да додадеме дека во 66. минута Аргентина остана без Лионел Меси кој мораше да ја напушти играта поради повреда на скочниот зглоб.

Победникот го реши Лаутаро Мартинез во 112. минута по брзата акција на Аргентинците. Родриго Де Пол ја грабна топката на средината на теренот, а Џовани Ло Селсо со прецизно додавање во зоната го испрати Мартинез сам пред колумбискиот голман Камило Варгас. Лаутаро ја задржа ладнокрвноста и постигна гол за Аргентина да слави.

Аргентина на тој начин ја освои Копа Америка по 16-ти пат во историјата, со што стана апсолутен рекордер. Досега со 15 титули се израмни со Уругвај на врвот на историскиот пласман. Аргентина, актуелниот светски шампион, пред три години ја освои и Копа Америка.

Би можело да ве интересира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

(ВИДЕО) По натпреварот, играчите на Уругвај тргнаа да се пресметаат со публиката

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бразил елиминиран, познати се полуфиналистите на Копа Америка

(ВИДЕО) Камења, солзавци и водени топови-голема пресметка во Аргентина поради реформите на претседателот Милеј

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес