Брајан Колман ја шокираше јавноста во Англија признавајќи дека имал секс со напаѓач на Арсенал.
Колман има 51 година, бил градоначалник на Барнет и геј активист во Англија.
„Не ме интересира многу фудбалот освен што еднаш бев на еден натпревар на Барнет и што спиев со еден напаѓач на Арсенал“, напишал на блог овој политичар, а го пренесува весникот Сан.
Овој политичар не прецизирал кога се случило тоа и со кој фудбалер, но поради неговата контраверзност и затоа што нападнал госпоѓа која сакала да го фотографира на паркинг, исклучен е од партијата.