Англија се избори за своето прво финале на европските првенства

Од:

Англија вечерва пред околу 60.000 гледачи на „Вембли“ ја совлада Данска по продолженија со 2:1 (1:1) и се избори за првото финале на европските првенства во кое, повторно во Лондон, ќе игра против Италија.

Англија офанзивно го почна второто полуфинале на ЕУРО2020, но откако го издржа почетниот притисок, Данска воспостави контрола на теренот и прва дојде во водство со прекрасен гол од слободен удар на Микел Дамсгард во 30 минута.

Англичаните ја анулираа негативата девет минути подоцна со автоголот на данскиот капитен Симон Кјер.

Второто полувреме не донесе голови на „Вембли“, а Англија направи целосен резултатски пресврт во последната минута од првото продолжение. Каспер Шмајхел најпрво го одбрани ударот од белата точка на Хари Кејн, но англискиот капитен прв стигна до одбиената топка и во вториот обид го совлада данскиот голман.

Противник на Англија на 11 јули на „Вембли“ ќе биде Италија, која вчера на пенали ја елиминира Шпанија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство