Ангеловски пред дуелот со Лихтенштајн: Играме за голема цел

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски на официјалната прес-конференција пред утрешниот натпревар со Лихтенштајн од Лига на нации во Вадуц, изјави дека верува во репрезентацијата, а ќе избере фудбалери кои ќе донесат победа.

– Атмосферата секогаш била на највисоко ниво, ќе изберам 11 фудбалери кои треба да ни донесат победа утревечер. Верував во оваа репрезентација кога малкумина веруваа. Но, главното што треба да го направат е утревечер. Не е важно против кого играме, туку за што играме, a утре играме за голема цел, изјави македонскиот селектор.

Тој додаде дека сите репрезентативци се добро подготвени, а дека Столе Димитриевски повторно ќе се најде под рамките на голот.

– Јас кажав дека тој е прв голман, тој брани во Примера и воопшто не се сомневам ни во него, ни во останатите, изјави Ангеловски.

Капитенот на „жолто-црвените“, Горан Пандев пак сподели дека оваа репрезентација ќе потврди дека е најдобрата во групата утре против Лихтенштајн и дека поразот во Ерменија беше само една лоша вечер.

– Добро се познаваме, често играме против нив во последните години и мислам дека ако одиграме како што знаеме, нема да имаме проблеми. Уште сме први во групата и не знам зошто толку трагично во нашата земја беше сфатен овој пораз (против Ерменија). Ова е нашата најквалитетна селекција и тоа ќе го докажеме. Најважни се трите бода, без разлика со кој резултат, и во понеделник да го прославиме првото место во групата, изјави Пандев.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он