Ангеловски: Индивидуалните грешки беа решавачки

Од:

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски по вечерашниот пораз од Ерменија со 4:0 во Лигата на нациите изјави дека индивидуалните грешки на нашите фудбалери се причина за тешкиот пораз. Тој не се согласи со констатацијата на многумина дека грешките на голманот Столе Димитриевски се причината за конечниот резултат.

– Знаев дека Ерменија е силна репрезентација, ова не беше големо изненадување. Мечот не го загубивме поради тактиката, туку поради индивидуални грешки. Но таков е фудбалот. Столе (Димитриевски) не е виновен. Јас го бирам тимот, нема потреба да се обинуваат фудбалерите, изјави Ангеловски.

Тој сепак додаде дека претстојат уште два меча во кои „жолто-црвените“ треба да се подготват добро и да остварат победа.

– Ерменија победи, но и понатаму сме во игра. Ќе се обидеме да славиме на следните два натпревари, додаде Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он