Анчелоти за Суперлигата: Мислев дека тераат некој мајтап

Од:

Тренерот на англискиот прволигаш Евертон, Италијанецот Карло Анчелоти, оцени дека идејата за формирање европска фудбалска Суперлига е утопија, истакнувајќи дека проектот се темели на вредностите на американското општество, кои се различни од европските.

– Мојата прва реакција кога слушнав за идејата беше дека тие мора да се шегуваат, бидејќи таков проект едноставно не може да заживее во Европа, изјави Анчелоти.

– Спортската култура во Европа е различна од американските спортови и тука не станува збор за тоа дека ние сме во право, а тие грешат, туку во прашање е самата култура на луѓето. Во САД спортот е поинаков и претставува забава, додека ние во Европа живееме со повеќе страст. Уште додека растеме како деца сакаме да победуваме. Растеме на поинаков начин, додаде италијанскиот стратег на клупата на Евертон.

Анчелоти, кој во минатото беше предводник на четири од 12 основачи на Суперлигата – Милан, Реал Мадрид, Челзи и Јувентус, рече дека иницијаторите на проектот направиле голема грешка.

– Фудбалот пред сè е спорт. Потоа доаѓаат инвестициите и бизнисот. Секако, треба да ги имаме предвид и двете страни. Но, за секој приврзаник на фудбалот, тоа беше чуден ден. Слушавме за Супер лига во последните неколку месеци, но бев сигурен дека тоа нема да се случи. Тие 12. клубови направија грешка, бидејќи не ги зедоа предвид мислењата на играчите, тренерите или навивачите, додаде Анчелоти.

Би можело да ве интересира

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана

Шеснаесет од 27 фудбалски федерации во ЕУ се спротивставија на Супер лигата, Шпанија и Италија меѓу нив

Ана Ололовска

Забрана за настап во ЛШ им се заканува на Реал, Барселона и Јувентус

Перез: Ако сметате дека Супер лигата е мртва, не сте во право

Ана Ололовска

Чеферин: Англиските клубови направија грешка, но се вратија и сега продолжуваме заедно

Ана Ололовска

Супер лигата го суспендираше проектот по откажувањето на англиските клубови

Ана Ололовска