Екипата на Анадолу Ефес е последниот учесник на завршниот „Фајнал фор“ турнир во кошаркарската Евролига.
До големиот успех турскиот тим стигна по вечерашниот триумф над Барселона со 80:71 во мајсторката од четвртфиналето. Така, Ефес со вкупни 3-2 во победи избори учество на Ф4 од елитното натпреварување.
Покрај Анадолу Ефес, Турција ќе има уште еден претставник на завршниот турнир. Тоа е тимот на Фенербахче.
Покрај нив за европскиот трон ќе се борат и екипите на Реал Мадрид и ЦСКА Москва.