Американката Шифрин победничка на слаломот во Линц

Од:

Американската скијачка Михаела Шифрин победи на денешниот слалом одржан во австрискиот Линц.

Ова за неа беше петта победа сезонава или вкупно 36. во кариерата.

Таа по двете трки имаше вкупно време 1:43.87 минута. Второто место го освои Венди Холденер, додека трета заврши Фрида Хансдотер од Шведска.

Во генералниот пласман води Шифрин со 821 бод, пред Германката Викторија Ребенсбург со 430, а трета е Тина Вајратер од Лихтенштајн со 374.

Шифрин во пласманот за слалом е прва со 380 бодови.

Ова беше последната трка од Светскиот куп кај жените за оваа календарска година, а следната ќе се одржи на 3 јануари на Сљеме кај Загреб.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска