Американка во Челси – најголемиот трансфер во историјата на женскиот фудбал

Од:

Американската фудбалерка Наоми Гирма (24) официјално се пресели од Сан Диего во Челси во најголемиот трансфер во историјата на женскиот фудбал.

Според бројните пишувања на медиумите, Челси на претходниот клуб на Американката му платил 1,1 милиони евра како обештетување.

Гирма е репрезентативка на САД, олимписка шампионка, а со англискиот клуб потпиша договор на четири и пол години.

Таа беше претставена во неделата пред навивачите на Челси, пред натпреварот на тимот со Арсенал, и беше сведок на победата на лидерите на табелата со резултат 1:0.

Трансферот на Гирма е првиот кој надмина еден милион евра за обештетување во женскиот фудбал, а го надмина и досегашниот рекордер, Замбијката Рашал Кундананџи, за која Реал Мадрид во февруари претходната година плати 825.000 евра.

„Има толку многу работи кои ме натераа да ја прифатам понудата на Челси, културата, победничкиот менталитет, стручниот штаб и играчите. Ова е идеална средина за мене да учам и да напредувам“ – изјави Гирма.

Челси моментно е лидер во Премиер лигата во женска конкуренција, со девет бода повеќе од Манчестер Сити по 12 натпревари и е непоразен, со само едно реми.

Би можело да ве интересира

Челси подготвуваат сензационална понуда за Нејмар?

Вилијан за посилен Фулам – Бразилецот се пресели на „Крејвен Котиџ“

Горан Наумовски

Абрамович побарал дополнителни 500 милиони фунти за продажбата на Челси

А1он

Велика Британија го замрзна имотот на Абрамович и на Челси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Челси е новиот светски клупски шампион

Обиен домот на англискиот дефанзивец Џејмс, украдени медалите од ЛШ и ЕУРО2020

А1он