Американецот Чак Блејзер „поткажувач“ за корупцијата во ФИФА

Од:

Поранешниот висок функционер на ФИФА, Американецот Чак Блејзер (70) е „поткажувачот“ во истрагата на американските правосудни власти за корупцијата во врвот на Светската фудбалска федерација, откако призна дека тој открил оти примил поткуп за да гласа во полза на Јужна Африка при изборот на домаќин на Светското првенство во фудбал во 2010 година.

Американските власти покренаа обемна кривична истрага за корупција во ФИФА, која доведе до оставка на претседателот Сеп Блатер, само четири дена по неговиот реизбор на таа функција, како и до минатонеделното покренување обвиненија за 14 лица поради земање поткуп, рекет и перење пари.

Седумина од нив, сите високи функционери во светскиот фудбал, беа уапсени минатата недела во Цирих, на два дена пред одржувањето на Конгресот на ФИФА на кој се избираше претседателот, по налог што го издаде американското ФБИ.

Четири други лица, меѓу кои е и Блејзер, веќе се обвинети за корупција.
Станува збор за износ од 150 милиони долари што им биле исплатени на разни лица во изминатите 24 години.

Блејзер беше втор највисок функционер за ФИФА за Северна и Централна Америка и Карибите (Конкакаф) во периодот меѓу 1990 и 2011 година, а меѓу 1997 и 2013 година беше и еден од членовите на Извршниот комитет на ФИФА.

Чак Блејзер во текот на сослушувањето пред американските иследници, признал дека тој и други членови на Извршниот комитет, прифатиле да земат пари за да гласаат за кандидатурата на Јужна Африка. Тој признал дека земал пари и за организацијата на натпреварувањето „Златен куп“, пет пати во периодот меѓу 1996 и 2003 година.

Американските федерални агенти против него започнале истрага за даночни измами, па така дошле и до парите примани за поткуп, па тој прифатил да соработува со федералците во нивната истрага, согласувајќи се да оди озвучен на средбите и разговорите со своите колеги, членови на разни тела на ФИФА.

Признанијата на Блејзер ги натераа властите во Швајцарија да отворат своја истрага околу изборот на домаќини за светските првенства во 2018 и 2022 година, за што во декември 2010 година беа определени Русија и Катар.

Блејзер прифатил да „пропее“ и да ги открие сите нечесни работи во меѓународниот фудбал, затоа што е тешко болен. Според сопственото признение, тој е болен од рак на дебелто црево.

Јужна Африка на неколкупати досега демантираше дека дала пари за поткуп, за да ја добие организацијата на Мундијалот од пред пет години, а сомневањата дека има „нечесни работи“при изборит на Русија и Катар за домаќини на следните две првенства, остро се отфрлаат во Москва и во Доха.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ