Одбојкарската селекција на САД ја совлада Србија во првиот дерби дуел од денешната програма на Светското првенство што се одржува во Полска.
Во натпреварите од 2. коло на новоформираната група Е, одбојкарите на САД славеа победа против Србија со 3:1 во сетови. Иако го загубија првиот сет со 25:23, сепак следните три Американците ги решија во своја полза со 31:29, 25:17 и 25:21.
Во првиот натпревар од оваа група Иран со победата од 3:0 против Аргентина се зацврсти на првото место на табелата.
Во групата Ф, селекциите на Бразил и Канада славеа победи со максимални 3:0 во дуелите против Кина и Финска.
Во вечерниот термин од 20 часот и 25 минути ќе стартуваат уште четири натпревари.
Во групата Е ќе играат, Полска – Италија и Австралија – Франција, додека во Ф групата се среќаваат, Германија – Бугарија и Куба – Русија.