Американците ќе го бранат златниот медал на Светското првенство во кошарка

Од:

Репрезентацијата на САД по синоќешната победа во полуфиналето на Светското првенство во кошарка во недела ќе игра во финалето и ќе има можност да го одбрани златниот медал освоен пред четири години на шампионатот во Турција.

Американците во полуфиналето во Барселона очекувано ја совладаа Литванија во реприза на полуфиналето од Истанбул. Триумфот од 96:68 им донесе уште еден натпревар за златен медал, а разликата од 20 и повеќе поени избраниците на селекторот Мајк Кжижевски ја направија на почетокот на вториот дел, кога Литванија повеќе од 5 минути не постигна кош од игра.

Најефикасен на натпреварот беше Кајри Ирвинг со 18 поени, додека Џејмс Харден и Клеј Томсон постигнаа по 16 за селекцијата на САД. Кај Литванија Јонас Валанчиунас и Миндаугас Кузминскас постигнаа по 15.

По поразот Литванија ќе игра во сабота во Мадрид во „малото финале“ и тие ќе можат да го повторат успехот од претходното првенство кога беа третопласирани. Вечер во второто полуфинале од 22 часот во Мадрид играат Србија и Франција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ѓоковиќ се расплака: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам

Горан Наумовски

Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Горан Наумовски

Српските кошаркари наградени со по 25.000 евра за освоеното сребро на Мундобаскетот

Откриено зошто на Бориша Симаниќ му го отстранија бубрегот по ударот на мечот со Јужен Судан

Предраг Петровиќ

Германците ги победија Американците и закажаа финале со Србија

Горан Наумовски

Нов пораз за словенечките кошаркари, Литванија игра за петтото место на Мундобаскетот