Одбојкарите на САД се победници на годинашново издание на Светската лига откако синоќа во Фиренца го победија Бразил со 3:1 (31-29, 21-25, 25-20, 25-23).
За Американците ова беше втор триумф откако првпат ја освоија Светската лига во 2008 година со победа над Србија, а во финалето во 2012 година загубија од Полска.
Натпреварот изобилуваше со пресврти, а во четвртиот сет во решавачките моменти Американците направија серија поени што им го донесе првото место.
Бразил и натаму остана најуспешен со 9 титули, пред Италија со 8 и Русија со 3.
Во дуелот за третото место домаќинот Италија ја победи селекцијата на Иран со 3:0 (25-22, 25-18, 25-22).
За најкорисен (МВП) играч прогласен е Тејлор Сандер од САД.