Америка со поддршка за јорданскиот принц Хусеин

Од:

Соединетите Американски Држави ветиле поддршка за јорданскиот принц Али Бин Ал Хусеин во трката за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), соопшти Ал Хусеин.

Јорданскиот принц до потребните пет гласа за поднесувањето на кандидатурата покрај САД дошол со поддршката од неговата федерација, Јордан, потоа Белорусија, Англија и Грузија.

Во трка за претседател на ФИФА освен Ал Хусеин се и актуелниот претседател Сеп Блатер, поранешниот португалски репрезентативец Луис Фиго и претседателот на Фудбалската федерација на Холандија, Михаел Ван Праг.

Изборот на прв човек на ФИФА ќе се одржи на 29 мај во Цирих.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи