Алтман: Му оставаме простор на Леброн Џејмс

Од:

Генералниот менаџер на Кливленд Кавалирс, Коби Алтман, соопшти дека клубот се уште води преговори со Леброн Џејмс за продолжување на соработката.

На Џејмс му истече договорот и до 29 јуни треба да соопшти каде ќе ја продолжи кариерата.

По завршувањето на финалето, во кое Кливленд повторно беше поразен во Голден стејт, се појавија гласини дека Џејмс би можел да премине во Лос Анџелес, Филаделфија или Хјустон.

– Продолжуваме да водиме разговори со менаџерскиот тим на Леброн Џејмс. Тој заслужува да пристапиме детално. Му оставаме простор и тоа е се што во моментов можам да го кажам. Многу ни значи и овој град го сака, истакна Алтман.

Додека се чека на одговорот на Џејмс, Кливленд на драфтот го избра Колин Секстон.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот