Алонсо по незгодата во Барселона заврши во болница

Од:

Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо доживеа незгода за време на тестирањето во Барселона и моментално се наоѓа во болница, јавија шпанските медиуми.

На четвртиот ден од тест возењата во Каталонија, пилотот на Мекларен излетал од патеката и удрил во заштитната ограда. По неколкуминутна помош на самото место дошол хеликоптер и Алонсо бил префрлен во болница.

Од Мекларен соопштија дека сѐ е во ред со Алонсо, дека е свесен и дека разговарал со лекарите.

Засега не се соопштува причината за излетувањето на Шпанецот, дали е тоа по негова грешка или се работи за дефект на болидот.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ