Возачот на Мекларен Фернандо Алонсо изјави дека не е сигурен дали ќе може да вози на трката за Големата награда на Кина овој викенд. Поради повредата (скршено ребро) која ја доби за време на првата трка во Австралија, тој не возеше ниту на втората трка за ГН на Бахреин.
– Се додека не добијам „зелено светло“ од докторите да се појавам на патеката, ништо не е сигурно, но ќе продолжам да се подготувам за трката според планот, истакна Алонсо.
Доколку Алонсо не биде во можност да ја вози трката повторно ќе го замени резервниот возач на Мекларен Стофел Вандорн. Белгискиот возач на своето деби во Бахреин го освои 10.место.