Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, подготви специјална кацига за Големата награда на Британија.
– Специјална кацига, посебна трка. Домашно Гран при за Астон Мартин – напиша двократниот светски шампион објавувајќи фотографии на социјалните мрежи.
Дизајнот на кацигата се однесува на „DBR4“ – првиот Формула 1 болид на Астон Мартин. Конкретно, на врвот на кацигата има стилизирана слика на воланот на автомобилот, а бројот на Фернандо е направен во соодветен стил.
ДБР4 се натпреваруваше во 1959 и 1960 година. По сезоната 1960, компанијата не се тркаше во Формула 1 до 2021 година.