Алонсо ја продолжува соработката со Мекларен

Од:

Двократниот шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо ќе вози за Мекларен и во следната 2018 година, откако го продолжи договорот со тимот.

Соработката меѓу Алонсо и Мекларен истекуваше на крајот на тековната сезона, но 36-годишниот Шпанец стави крај на шпекулациите за напуштање на тимот, па дури и на шампионатот во Формула 1.

– Фантастично е што продолжува да соработува со Мекларен. Моето срце ми кажа да останам, изјави Алонсо, кој во 2005 и 2006 година, ја освои титулата како возач на Рено.

Одлуката на Алонсо да остане во Мекларен сигурно беше под големо влијание на фактот дека британскиот тим следната година ќе соработува со Рено, со кого потпиша тригодишен договор.

– Мекларен има техничка и финансиска сила да биде најбрз во трките и да освојува титули во Ф1. Претходните три години ни дозволија да планираме и да ја градиме иднината, па сега со нетрпение го очекувам продолжувањето на таквото патувањето, нагласи Алонсо.

Алонсо во Мекларен ќе соработува со белгискиот возач Стофел Вандрон.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес