Алкараз се откажа од првата позиција: Шансите ми се нула

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз смета дека веќе нема шанси да ја заврши годината на првото место, а по елиминацијата на стартот на Мастерсот во Париз.

На хартија, Алкараз има уште да се надеж, бидејќи конечно за тоа кој ќе биде на врвот на АТП листата во 2024 година ќе се решава дури по завршувањето на Завршниот турнир во Торино. Сепак, Шпанецот веќе се предаде.

„По овој пораз немам повеќе опции, сите опции што ги имав да ги завршам како број еден на крајот на годината ги нема. Веќе не ни размислувам за тоа, моите шанси се нула“, изјави Алкараз.

Младиот Шпанец не личеше на себе и доста се мачеше, односно му дозволи на својот ривал премногу шанси, кои ладнокрвниот Русин обилно ги искористи.

“Не се чувствував добро на теренот. Треба да подобрам многу работи. Не се движев добро. Мислам дека имав добар избор на серви, но физички во движењето морам да се подобрам”, додаде Алкараз.

Минатата година во учеството на овој турнир заврши во четвртфиналето.

„Овој турнир носи многу изненадувања бидејќи е крај на сезоната и играчите се уморни. Но, во мојот случај, искрено не знам. Морам да размислам за тоа и ќе се обидам да бидам подобар следната година во овој дел од сезоната“, смета вториот тенисер во светот.

Следно на дневен ред за него е АТП финалето во Торино од 13 до 19 ноември.

„Имам време пред финалето, многу денови да тренирам и да стигнам до нивото на кое сакам да бидам. Во моментов, не е вистинско време да зборувам за тоа по поразот. Ми треба време да размислам што да правам и што ќе направам. Има време додека финалниот турнир не започне“, заклучи Алкарас.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

Каспер Руд го совлада Алкараз во два сета на завршниот турнир во Торино

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Би го направил тоа доколку освојам злато“

Алкараз со неверојатна леснотија влезе во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ