Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не успеа да се пласира во осминафиналето на АТП турнирот во Рио де Жанеиро, бидејќи утринава поради повреда со резултат 1:1 во првиот сет го загуби мечот од првото коло од Бразилецот Тиаго Монтеиро.
Алкараз го повреди скочниот зглоб во првиот гем од првиот сет, но успеа да направи брејк и да поведе со 1:0. Монтеиро возврати со брејк и израмни на 1:1, но шпанскиот тенисер реши да го предаде мечот по 10 минути поради повреда.
Монтеиро во осминафиналето ќе игра против сонародникот Фелипе Мелигени Алвеш.