Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз проговори по поразот од Германецот Александар Зверев.
Во четвртфиналето на Австралија опен, Алкарас загуби по четири сета со 6:1, 6:3, 6:7(2), 6:4, оставајќи го без шанси да се бори за трофејот во Мелбурн, но и потенцијално да го земе првото место на АТП листите.
“Мило ми е што го завршив третиот сет играјќи одличен тенис. На почетокот на четвртиот сет не можев да останам на ова ниво. Но како и да е, најдов начин да го скршам. Мислам дека имав шанса, на 4 :3 во четвртиот сет. Не го искористив тоа. Играв добар тенис во четвртиот сет. Очигледно тоа не беше моето најдобро ниво, но тој беше добар. Не ги искористив моите шанси, таму имаше многу осцилации со нивото на мојот тенис, но и со сервисот. Не успеав да најдам добар сервис. Така што беше тешко да се справам со тој притисок што ми го правеше секогаш кога сервирав“, рече Алкарас на прес-конференцијата.
“Тоа е тоа. Морам да ја подобрам мојата игра. Сè уште треба да работам на тоа, па ќе видиме во иднина. Но, денес беше моето срамно ниво на тенис”, изјави вториот тенисер во светот.
Кога ќе се повлече линијата, младиот Шпанец е задоволен од настапот на првиот Грен слем сезонава.
„Па, тоа беше добар турнир за мене, стигнав до четвртфиналето, играв добар тенис. Како што реков, тажен сум поради моето ниво денес, бидејќи играв добар тенис порано во колото со голема самодоверба. Генерално , среќен го напуштам турнирот, заборавајќи на денешното ниво, одиграв одлични натпревари овде, четвртфиналето на Грен слем е добар резултат, но не и она што го барам“, изјави Алкараз.