Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз в недела ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако по пресврт го совлада Данило Медведев.

Алкараз победи во репризата од минатогодишното финале со резултат 6:7 (1), 6:3, 6:4, 6:4.

Ова ќе биде четврто Грен слем финале за Карлос. Ги освои сите оние на кои играше – УС Опен 2022, Вимблдон 2023, Ролан Гарос 2024 година.

Медведев не успеа да обезбеди седмо финале на најголемите турнири, а Шпанецот подобри на 5-2 во меѓусебните мечеви.

Алкараз влезе посилно во мечот и веќе во првиот, прилично долг гем, имаше брејк топка.

Сепак, Данило беше тој што го зададе првиот удар, брејкувајќи го сервисот на својот ривал во третиот гем – и тоа со нула.

На Алкараз не му требаше многу време за да возврати со рибрејк, ја искористи четвртата шанса, за во следната повторно да потклекне.

Во шестиот гем Медведев ја врати брејк предноста и поведе со 5:2, но Алкараз врза три гема и целосно се врати во игра.

Влегоа во тај-брејк, кој Русинот брзо го реши во своја полза. Ја отвори со 5:0, за на крајот да загуби бод.

Вториот сет беше многу помирен од првиот, се чинеше дека Данило има се во свои раце, но Карлос навреме се „разбуди“.

Направи брејк во третиот гем и релативно рутински ја сочува таа предност, стигнувајќи до израмнување.

Третиот период Алкараз го започна како вториот, со брејк во третиот гем, кој заврши со непрецизна форхенд дијагонала од Медведев.

Шанса за двоен брејк имаше и Шпанецот во седмиот гем. Не го искористи, но Медведев не ја казни таа грешка во финишот, па Карлос набрзо го смени резултатот на семафорот.

Алкараз одлично го стартуваше четвртиот сет, со брејк, само за Медведев од никаде да одговори како да се стабилизира.

Сепак, неколкуте грешки направени во седмиот гем скапо го чинеа – Алкараз направи брејк, кој го спаси до крајот.

Противник во големото финале, в недела, ќе му биде подобриот од Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Би го направил тоа доколку освојам злато“

Алкараз со неверојатна леснотија влезе во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Алкараз се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Париз

Горан Наумовски

Алкараз го победи Томи Пол и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по пресвртот во осминафиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз рутински се пласираше во третото коло на Вимблдон