Карлос Алкараз ќе го игра своето прво финале на Вимблдон во кариерата.
И каков, против седумкратниот шампион и светски рекет број два, Новак Ѓоковиќ во директна пресметка за тенискиот АТП трон.
Шпанецот по 109 минути игра беше подобар од третиот играч во светот Русинот Данил Медведев со 6:3, 6:3, 6:3, па така по Њујорк ќе има можност да игра на вториот слем финале на неговата кариера.
Впечаток е дека Шпанецот сосема заслужено стигна до мечот за титулата бидејќи делуваше посигурно.
Против Медведев беше многу самоуверен и решителен од самиот почеток, а далеку поагресивен и поконкретен.