Италијанската компанија Алфа Ромео моментално работи на нови, помоќни мотори што за првпат треба да се појават во новата генерација на моделот 159, што на пазарот се очекува идното лето.
Моментално, најмоќен мотор од Алфа е 1,75 литарски четирицилиндерски агрегат со турбо полнач, што се наоѓа во спортскиот модел 4Ц.
Новите мотори ќе бидат во дизел и бензински изведби, а најверојатно станува збор за четирицилиндерски и В6 мотори. Најмоќниот би требало да произведува 480 коњски сили и ќе се најде во спортската изведба на седан моделот Алфа ГТИ.
Според изворите, компанијата подготвува два бензински мотори 2,0 литарски четирицилиндерски и 2,9 литарски В6 мотори. Помоќниот агрегат се очекува да се изработува во фабрика на Ферари, а 2,0 литарскиот ќе има моќност од 180 до 330 коњски сили.
Алфа работи и на 2,2 литарски четири цилиндерски дизел со 135-210 коњски сили и 3,0 литарски В6 со моќност од 275 до 340 коњски сили.