Alfa Romeo го претстави 4C со 232КС

Од:

Две године по концептот, на авто-салонот во Женева претставена е сериската верзија на моделот „Алфа Ромео 4Ц“.

Спортскиот двосед во продажба тргнува од септември 2013 година, по почетна цена од 60.000 евра.

Најавувана, па одложувана, „Алфа 4Ц“ најпосле е подготвена за сериско производство.

Транзицијата од концептната верзија мина сосема безболно што се однесува на дизајнот на автомобилот. Измените се минимални и главно се однесуваат на детали, како формата на надворешните ретровизори или графиката на светлосните групи.

Верзијата што е изложена на женевскиот авто-салон носи ознака „Алфа Ромео 4Ц Лаунч Едишн“ и планирано е да биде изработена во ограничен тираж од вкупно 1.000 примероци. Овој спортски двосед на италијанскиот производител е долг нешто под четири метри, широк 200 сантиметри, а висок само 118 сантиметри, додека меѓуосовинското растојание е малку помало од 2,4 метра.

Alfa-Romeo-4C-Launch-Edition-rear-three-quarters-1024x640

Каросеријата и шасијата на автомобилот се изработени од комбинација на два лесни материјала – алуминиум и јаглеродни влакна, тако што масата на „Алфе 4Ц“ изнесува само 895 килограми.

Како што претходно беше соопштено, новиот спортски двосед е опремен со 1.75 литарски турбо четирицилиндричен мотор од моделот „Џулиета Квадрифољо Верде“ со 232 коњски сили. Моторот има нов алуминиумски блок, посебно дизајнирана вшмукувачка и издувна гранка и директно вбризгување.

Автомобилот е во состојба да забрза од 0 до 100 километри за 4,5 секунди и да достигне брзина од над 250 километри на час.

„Алфа Ромео 4Ц“ има карактеристични ДНА команди, но покрај трите постојни мода (Д – динамичен, Н – нормален и А – за посебни услови на патот, како што се дождот или снегот) доби и четвртти Рајс мод, кој ќе ги подобри управувачките карактеристики на автомобилот на тркачката патека.

ФИАТ, соптвеникот на автомобилската марка „Алфа Ромео“, има намера со помош на овој модел повторно да се врати на лукративниот американски пазар. Поради тоа, 500 од 1.000 единици од првата серија ќе им бидат наменети на купувачите во САД.

За пазарите во Европа, Блискиот Исток и Африка се резервирани 400 автомобили, додека на останатите светски пазари ќе бидат достапни само 100 возила.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ