Јувентус сака да го врати Алваро Мората иако италијанскиот клуб не ја искористи опцијата за откуп после истекот на позајмицата од Атлетико Мадрид. Шпанскиот напаѓач не е во плановите на Диего Симеоне, додека Алегри силно го посакува во својот тим.
Директорите на Јувентус имале средба со агентите на Мората, кој исто така сака да се врати во Торино. Атлетико повторно е подгптвен да го пушти на позајмица, но сега со клаузула за задолжителен откуп и сума од 30 милиони евра.
Минатата сезона Мората за Јувентус постигна 12 гола и запиша девет асистенции за гигантот од Торино.
Извор: Топспорт