Албанија со пресврт ја совлада Ерменија, Србија поразена во Португалија

Од:

Репрезентациите на Албанија и на Португалија забележаа минимални победи над своите ривали во дуелите од 5.коло во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2016.

Албанија иако губеше од Ерменија со 1:0. сепак со два гола постигнати во последните десетина минута успеа да дојде до значаен триумф.

Со ист резултат 2:1, Португалија во Лисабон ја победи Србија и се зацврсти на врвот во групата И.

Табела: Португалија 9 бодови, Данска и Албанија по 7, Србија и Ерменија по 1.

Резултати од другите неделни квалификациски натпревари:

Д група: Шкотска – Гибралтар 6:1, Грузија – Германија 0:2 и Република Ирска – Полска 1:1.
Табела: Полска 11 бодови, Германија и Шкотска по 10, Ирска 8, Грузија 3, Гибралтар 0.

Ф група: Северна Ирска – Финска 2:1, Романија – Фарски Острови 1:0 и Унгарија – Грција 0:0.
Табела: Романија 13 бодови, Северна Ирска 12, Унгарија 8, Финска 4, Фарски Острови 3, Грција 2.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски