Екипата на Алба Берлин за која настапува македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски синоќа го победи првакот на НБА лигата Сан Антонио со 94:93 со кош постигнат во последната секунда.
На подготвителниот дуел за новата кошаркарска сезона кој се одржа во Берлин, Стојановски одигра нешто помалку од шест минути и постигна четири поени.
Меклин со 18, Хамондс и Рединг со по 15 поени беа најефикасните во победничкиот тим.
Пред натпреварот, кошаркарот на Сан Антонио Тони Паркер го доби признанието за најдобар европски играч во минатата сезона.
Французинот и на овој дуел беше најдобар со постигнати 28 поени, колку што заедно уфрлија неговите соиграчи Данкан и Леонард.
Ова беше 75. пресметка меѓу екипи од европскиот континент со тимови од најсилната светска лига – НБА и само 12 победа за Европјаните.