Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал го освои златниот медал во спуст на Светското првенство во австрискиот Шладминг.
Во не баш идеални временски услови, Свиндал, извозе совршена трка и со време од две минути, една секунда и 32 стотинки, ја остави конкуренцијата зад себе. Златниот медал во спуст е втор во кариерата на Свиндал, кој претходно беше светски првак во 2007 година.
Норвежанецот во Шладминг го освои петтиот златен медал на светските првенства – има два во суперкомбинација (2009 и 2011), велеслалом (2007) и спуст (2007).
Зад Свиндал, до сребрениот медал на скијачкиот Мундијал, стигна Италијанецот Доминик Парис, кој на целта имаше време од две минути, една секунда и 78 стотинки. Доминик Поазон од Франција, на крајот стигна до третото место и бронзениот медал, зад Свиндал тој задоцни 97 стотинки.
Светското првенство во Шладминг продолжува в недела, кога ќе се вози спуст во женска конкуренција.